Членство

  • Членувањето во Комитетот може да биде индивидуално и колективно.
  • Индивидуалното членување може да биде: редовно, потпорно и почесно.
  • Колективното членување може да биде само потпорно.
  • Редовен член може да биде секој полнолетен граѓанин, државјанин на Република Македонија, кој е професионално инволвиран во заштитата на недвижното и движното културно наследство;
  • Потпорен член може да биде секој полнолетен граѓанин на Република Македонија или странец кој има постојан престој или привремено престојува на територијата на Република Македонија повеќе од една година, како и секое правно лице регистрирано кај надлежниот регистарски орган во Република Македонија, што сака да ги поддржи целите и дејствувањето на Комитетот;
  • Почесен член може да биде секој поедин,ец, државјанин на Република Македонија или странец, кој има посебни заслуги за заштита на културното наследство во опасност на територијата на Републиката или исклучителни резултати и придонес за развојот на тој сегмент на заштита во пошироки размери;
  • Зачленувањето во смисла на став 1 и 2 на овој член е доброволно и се врши со потпишување пристапница;
  • Почесно членство во смисла на став 3 на овој член се стекнува со избор, врз основа на одлука на Собранието на Комитетот, на предлог на Извршниот одбор;
  • Комитетот за своите членови води регистар на членството, што се ажурира најмалку еднаш годишно;
  • Комитетот ја гарантира анонимноста и личните податоци на членовите кои тоа го побарале. Податоците за членовите на Комитетот се заштитени во согласност со прописите за заштита на личните податоци и класифицирани информации.
ПРИСТАПНИЦА
Кликнете овде за да ја превземете пристапницата.