ФОРУМ: ЗАШТИТАТА НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО ВО МУЗЕИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА - СОСТОЈБИ И ИСКУСТВА

На 17.12.2012 година Здружението за заштита на културното наследство во опасност МНК Син штит во Кинотека на Македонија го реализираше форумот „Заштитата на културното наследство во музеите во Македонија – состојби и искуства“. Како воведничари на форумот беа ангажирани:

  • Крсте Богоески (Институт за етнологија и антропологија на ПМФ при УКИМ, Скопје) со темата „Некои стратешки приоритети во заштитата на музејските добра во Македонија“;
  • Јован Ристов (Национален конзерваторски центар - Скопје) со темата „Нормативна рамка за остварување на грижата за музејските добра – превентивна заштита“ и
  • Митко Богдановски (НУ Музеи на Македонија, Скопје) со темата „Плановите за заштита на музејските добра во вонредна состојба“.

Првиот воведничар се насочи кон одредени стратешки приоритети кои треба да се применуваат во заштитата на музејските добра со цел да се подобрат критериумите за чувањето на музејските артефакти. Вториот воведничар се осврна на правните аспекти притоа потенцирајќи ги законските проблеми кои се произлезени од носењето на новите правилници за работа кои не се во колизија со останатите закони и подзаконски акти, а се однесуваат на заштитата на музејските добра во Македонија. Третиот воведничар, пак, ги нагласи проблемите со кои се  соочуваат музејските институции од немањето на планови за заштита на музејските добра во вонредни состојби.